Драстично зголемување на бројот на заболени со ковид во Словенија
Стапката на зараза со коронавирусот нагло се зголеми во Словенија, поттикната од новиот сој омикрон и божиќните собири, јавува словенечката агенција СТА.
Во изминатите 24 часа пријавени се вкупно 1.829 нови случаи, што е зголемување за 57 отсто во однос на претходната недела и највисока дневна бројка од почетокот на декември. Во исто време, шест пациенти починале, покажуваат владините податоци.
Стапката на позитивност на ПЦР тестовите достигна речиси 37 отсто, што е зголемување за цели 12 процентни поени во однос на минатата недела. Забележано е и дека бројот на извршени брзи тестови се зголемил за една петтина од претходната недела, на 100.000.
Но, болниците во Словенија известуваат за релативно добра состојба, бидејќи вкупниот број на заболени утринава е намален за 21 на 553, што е помалку од половина во однос на врвот на четвртиот бран.
Податоците на Националниот институт за јавно здравје (NIJZ) покажуваат дека стапката на пријавување случаи за 14 дена на 100.000 луѓе се зголемила за 29 на 827, а седумдневниот просек на нови дневни случаи за речиси стотина на 1.377.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа