Другарка на Фросина: Фроси, ти си херојка во сите нас
Граѓаните на Неготино денес излегоа на протест за да ја искажат својата болка и гнев по трагичната смрт на 22 годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин во Скопје.
Тие упатија пораки за поголема одговорност, побезбедни улици и поголема свест кај сите учесници во сообраќајот, за да се спречат вакви трагедии во иднина.
„Неказнивоста е правен неуспех!“, „Да не се повтори!“ - беа само дел од пораките што одѕвонуваа на протестот.
Вера Најдовска, другарка на Фросина, посочи дека нема зборови кои можат да ја изразат болката од трагедијата.
- Ти беше не само моден дизајнер, ти беше личност која успеваше да ги спои сите бои и да ги претвори во нешто што ќе остане во срцата на сите кои те познаваа. Ти не си само жртва на нечии неопростливи одлуки. Не си само репетитативна жртва на системот во државата, најмногу од се, Фроси, ти си херојка во сите нас. Ти остави длабок печат, а за нас твојата слика ќе остане врежана во сеќавањата, девојка со бескрајна позитивна енергија, која го претвораше светот во место полно со бои и радост. „Шо напраив бе" беше се што монструмот можеше да каже. Епа ти, остави фамилија без своето чедо, момче без својата долгогодишна љубов и сите нас без најискрениот и најсветлиот другар, истакна Најдова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа