Двајцата демонстранти кои палеа српски знамиња ослободени од притвор, со обврска за задолжтелно јавување

 

Судот во Тирана ги ослободи од притвор Астрит Цара и Бесник Балани осомничени за палење на српски знамиња на 20 месецов, и им изрече безбедносна мерка за задолжително јавување.

По прибраните докази полицијата приведе осум лица, Цара(41), жител во Тирана и Балани(56), жител на Круја, на кои им беше одредена мерка притвор, додека за останати шест лица, на возраст од 15 и 16 години, жители на Тирана и Драч, одлучи да се бранат од слобода.

Тие, според полицијата на протестот на булеварот „Народни херои" во Тирана, што го организираше поранешниот албански претседател Сали Бериша, против „Отворен Балкан" и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ, извадиле од јарболите и запалиле четири српски знамиња, кои се виореле заедно со албанското и македонското знаме.

Инволвираните ќе одговараат за кривични дела „поттикнување омраза" и „понижување на Републиката и нејзините симболи"

23.12.2021 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега