Еди Рама не сакал да стави маска во авион, па морала да интервенира полиција
Премиерот на Албанија, Еди Рама направил инцидент во авион кога одбил да стави маска, пишува германски „Шпигел“.
Пилотот се обидел да ја реши ситуацијата, но откако не успеал, била повикана полиција за да интервенира.
Инцидентот се случил на почетокот на минатата година, пред да полета авионот од Франкфурт кон Детроит.
Полицијата го извадила Еди Рама од авионот, откако претходно персоналот не успеал да го убеди да стави маска, па премиерот морал да го чека следниот лет за САД.
15.04.2022 - 19:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа