Ескобар за враќањето на српската војска на северот на Косово: САД се категорично против

 

 

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека САД категорично се противат на враќањето на српските сили на северот на Косово.

„Тоа категорично го отфрламе. Ние тоа воопшто не го поддржуваме“, изјави Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа, одговарајќи на новинарско прашање за најавата на Белград дека ќе побара од КФОР враќање на српската војска на северот на Косово.

На прашањето каков ќе биде одговорот на САД доколку Белград навистина испрати војници на северот на Косово, Ескобар одговори дека не очекува тоа да се случи.

„Ќе подвлечам, Косово има силни безбедносни гаранции од САД, кои се манифестираат со учество во КФОР“, истакна Ескобар.

13.12.2022 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега