Евакуирани четири трговски центри во Белград и Ниш по дојави за бомби
Српските медиуми пишуваат дека четири трговски центри во Србија се евакутирани, а станува збор за „Галерија“, „Меркатор“ и „Рајичева“ во Белград, како и „Делта планет“ во Ниш.
Специјални екипи за вакви случаи излегоа на терен, откако најпрво околу 14 часот во полицијата во Ниш пристигнала пријава за бомба, а потоа се случило нешто слично во Белград.
Трговските центри биле евакуирани и се врши увид во објектите.
18.04.2022 - 17:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа