Филипче: Јавно се дистанцираме од таа корумпирана партија - никој не сака соработка со ДУИ

 

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја отфрли можноста за поврзување со ДУИ и ја нагласи потребата од политики кои обединуваат, а не, како што вели, кои делат.

- СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи да биде ставен во истата рамка или да биде подреден на било која партија, особено не на ДУИ. Коруптивната стигма која со години ја носи оваа партија е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и постојаното подигање на етнички тензии како алатка за политичко делување е неприфатлива и опасна. Таквите политики немаат место во нашето мултиетничко општество, изјави Филипче во интервју за „Независен“.

Тој ја обвини ДУИ за политички практики кои го спречуваат напредокот на Македонија.

Во однос на идната соработка со албанските партии, Филипче подвлече дека ќе се базира на заеднички вредности и транспарентност.

-СДСМ ќе работи со партии кои ги споделуваат нашите заложби за транспарентност, реформи и градење политики кои ги обединуваат граѓаните, а не ги делат. Нема да дозволиме етничките прашања да се користат како алатка за прикривање на корупцијата или неспособноста, заклучи Фужилипче

Во ваква ситуација ДУИ останува без „коалиционен капацитет“ фраза која интегративците ја користеа многу во предизборниот период коментирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е во таква позиција. 

10.01.2025 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега