Филипче: Мартовската плата зголемена за сите вработени во здравствените установи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, најави зголемување за 5% на платите за сите вработени во јавно-здравствените установи. Во денешното гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Филипче истакна дека покачувањето ќе биде и за медицинскиот, и за немедицинскиот пероснал вработен во здравствените установи.
-Тоа што денес треба да го утврдиме со Синдикатот е зголемувањето на платите за 5% на сите коишто се вработени во здравствениот сектор. Покачување на платите ќе има и за здравствени работници, и нездравствени работници и тоа треба да започне од месец март. Покачувањето е од овој месец односно на мартовската плата којашто се исплаќа во месец април - изјави Филипче.
Министерството за здравство во континуитет инвестира во човечки ресурси, освен зголемување на платите на здравствените работници и останатите вработени во јавно здравствените установи, во услови на ковид пандемија се реализираа 446 нови вработувања во јавното здравство. Со новите вработувања и зголемувањата на платите, Министерството за здравство создава услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја.
09.03.2021 - 11:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа