„Флурона“ потврдена и во БиХ кај момче од Бања Лука
Денеска во Босна и Херцеговина е потврден првиот случај на инфекција со коронавирус и грип, а мажот од Бања Лука во моментов е во Клиничкиот центар.
„Флурона“, како што се нарекува инфекцијата со два вируси, е дијагностицирана кај 21-годишен маж, а од Клиничкиот центар во Бања Лука соопштија дека тој е свесен и е во стабилна состојба, пишува Кликс.ба.
Досега нема пријавени случаи на сезонски грип во БиХ, додека денес беа потврдени повеќе од 800 нови случаи на коронавирус, со 23 поврзани смртни случаи.
Дневниот број на новозаразени лица постепено се зголемува, но властите во БиХ сè уште не бараат дополнителни ограничувања.
Влезот во таа земја сè уште е можен без никаква потврда за коронавирусот за граѓаните од соседните земји, додека потврдите за вакцинација или болест се бараат од државјани на трети земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа