Фото: Била родена како маж па го променила полот - Клеопатра денеска изгледа вака
Од моментот кога прв пат се појави на малите екрани и се претстави како Клеопатра, кралицата на пророчиците предизвика бројни реакции и контроверзии. Таа беше многу популарна во 90-тите на Балканот. Своевремено преку телефонски повици им ги откриваше судбините на гледачите, а потоа потполно се повлече од јавност.
Босанскиот медиум Ас пишуваше дека таа признала дека го променила полот, дека е родена како машко, но отсекогаш сакала да биде жена.
Наводно под името Душица Илиќ таа раскажала како во 1985 имала операција за промена на пол, и засекогаш го напуштила идентитетот на маж. Била родена како Душан. Едно време била и пејачка, но тоа не ја исполнувало.
- Се сеќавам само на светлата кои светеа над мојата глава и на докторите над мене. По четиричасовната операција се разбудив во својот апартман. Не знаев ни каде сум. Почувствував завои под стомакот, рекла Душица.
Пејачката Бранка Шоврлиќ на својот Инстаграм сподели фотографија со Клеопатра. Таа и сега ја има препознатливата руса коса и носи очила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа