ФОТО: Граѓаните бесни за патните трошоци - "Не маркетите, нив да ги бојкотираме!"

 

Предлог-законот на Левица за ограничување на огромните суми пари кои пратениците ги наплаќаат на име патни трошоци, вчера не помина во Собранието, а граѓаните се бесни поради ваквата одлука.

Вчера пред седницата, Димитар Апасиев на Фејсбук напиша дека е денот Д. - Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име "ПАТНИ ТРОШОЦИ" + патарини. Ние предлагаме овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km (што би било околу 500 денари). Ова е денот Д, напиша тој.

 Реџеп Исмаил од Левица рече дека не е фер обичните работници да не наплаќаат патни трошоци, додека функционери да земаат и по 100.000 евра годишно.

Пратеничката Даниела Белимова од редовите на ЗНАМ порача дека го прифаќаат секој предлог кој што е конструктивен за патните трошоци за пратениците, но вели дека е потребно нешто реално, а не да се прави само популизам.

-Треба да договориме нешто што е реално и општо прифатливо, а не само да правиме популизам. Кога ќе седнеме на маса и ќе ги ставиме сите работи, тогаш ќе изнајдеме и решение, рече Белимова во Собранието.

- „Левица не е решение на проблемот, туку проблем за секое можно решение“, велат од ЗНАМ.

Граѓаните се револтирани откако предлог-законот не помина во Законодавниот дом, а Твитер гори од реакции.

13.02.2025 - 08:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега