(ФОТО) Критично во Косово: Тензиите не попуштаат, поставени барикади во 3 општини

 

Србите на северот на Косово и Метохија десетти ден се на барикадите поради апсењето на нивните сонародници и присуството на косовската полиција на северот на покраината.

Поставени се барикади во општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Административните премини Јариње и Брњак се затворени, бидејќи косовската полиција ги затвори откако Србите започнаа протести и поставија барикади.

Основците на северот на Република Косово од денеска се враќаат на настава, додека средношколците наставата ќе ја продолжат онлајн, јавува РТС.

Ноќта на барикадите на северот на Косово и Метохија помина мирно, а Србите кои се на барикадите во Рудар денеска ќе го слават Свети Никола, јавува репортерот на РТС.

Србите велат дека не се откажуваат од барањето Миљан Аџиќ, Дејан Пантиќ и Слаѓан Трајковиќ да бидат ослободени, како и специјалците на косовската полиција да се повлечат од северно Косово.

На северот на Косово има зголемени патроли на КФОР, а хеликоптери повремено прелетуваат над барикади и административни премини. Присуството на косовската полиција е особено видливо во мешани средини и на преминот меѓу јужниот и северниот дел на Косовска Митровица. Угостителските објекти на северот на Косово се затворени.

19.12.2022 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега