ФОТО: „Отиде мојата единствена среќа“- мајката на Ксенија Вучиќ се збогуваше од починатата ќерка
Новинарката Ксенија Вучиќ, првата сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, беше погребана вчера на Новите гробишта, а најблиските веќе со денови се збогуваат од неа.
Од Ксенија, преку некролог денеска се збогуваше нејзината мајка Нада.
-Вчера, на 31. јануари, засекогаш се збогував од мојата единствена среќа, моето дете. Замина изненадно, нѐ остави сите во голема тага и неверување. Ѝ испраќам безгранична љубов - пишува во некрологот.
Новинарката, според непотврдени информации, починала од последици од тромб и покрај апорите на лекарите да ја реанимираат.
01.02.2022 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа