ФОТО: Овде е пронајдено телото на синот на српската политичарка - се огласи и сестра му
Јован Ивиќ, синот на политичарката Санда Рашковиќ Ивиќ, пронајден е мртов утрово во околу 05:40 часот на плочникот пред зградата во Белград.
Телото, според неофицијални информации го пронашле минувачи кои потоа повикале полиција. На местото каде било пронајдено телото и понатаму има многу дамки од крв. Момчето според неофицијалните информации околу вратот имало замота кабел.
Неговата сестра се симнала пред зградата пред која утрово било пронајдено телото и на момчето и ги замолил овинарите да се тргнат.
-Ве молам не ја отежнувајте ситуацијата. Имаше само 24 години. Ќе ја разберете нашата болка - рекла таа кратко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа