ФОТО: Почна протестниот марш во Скопје

 

 

Со транспарент „Системот е следен“ почна протестниот марш во Скопје во организација на „Кој е следен?“. 

-Сакаме да останеме да живееме тука. Ама сакаме да останеме да живееме тука и да ни е безбедно дома. Сметаме дека треба да се разграничи конечно активното политизирање и партизирање кое ни се наметнува од системот и да прекинеме да ја романтизираме улогата на жртва, исто така, која ни ја негува системот, рече Милена Јаневска од Организацијата „Кој е следен“.

Граѓаните бараат одговорност, но и транспарентност од сите се поврзани со случајот.

-Очекуваме одговорност до сите кои се поврзани со трагедијата во Кочани, но не само оние коишто се поврзани со трагедијата од Кочани, туку и од сите претходни трагедии. Односно, треба да одговараат и транспарентно да се изнесат пред јавноста сите оние кои се поврзани со трагедиите досега, рече Јаневска. 

Одговарајќи на новинарско прашање за сите досегашни наводи за политичко влијание во Организацијата, Јаневска рече станува збор за неформална граѓанска иницијатива.

-Ние не сме поврзани со ниедна политичка партија. И поради тоа го нагласив моментот дека е многу битно да се разграничи партизирање од политизирање, рече Јаневска. 

24.03.2025 - 19:25

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега