„Наместо пица, доставувачот носи кокаин“: Масовно зголемена потрошувачката на кокаин во Германија

 


Кокаинот некогаш бил статусен симбол на богатите.

Денес го консумираат луѓе од сите сфери на животот. Експертите велат дека оваа дрога е сеприсутна во Германија. А тоа има многу сериозни последици по здравјето на граѓаните, пишува Дојче веле.

„Едвај постои социјална група во која не се користи кокаин“, вели Хајке Зурхолд, социолог и криминолог во Центарот за истражување на зависности (ЗИС) во Хамбург.

Во изминатите десет години, според ЗИС, повеќе од двојно е зголемен бројот на возрасни во Германија кои консумираат кокаин. Алармантно зголемување на бројот на корисници на кокаин регистрира и здравственото осигурување „Бармер“. Бројот на луѓе кои примаат третман за злоупотреба на кокаин е тројно зголемен во изминатите десет години, тврди Бармер.

„Наместо пица, доставувачот носи кокаин“ А колку масовно е зголемена потрошувачката на кокаин, покажува и анализата на канализацијата во германските градови. Откриени се зголемени концентрации на остатоци од кокаин. Полициските и царинските власти секоја година бележат зголемени количини на запленета дрога. Во 2017 година во Германија беа запленети осум тони кокаин, во 2023 година веќе 43 тони – и сето тоа во реалноста е само мал дел од она што всушност завршува на пазарот.

26.03.2025 - 11:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега