ФОТО: Свеќи и свежо цвеќе за убиените деца пред училиштето во Белград
Белграѓани положуваат свежо цвеќе и палат свеќи пред училиштето „Владислав Рибникар“ каде 13-годишниот Коста К. утрово уби 8 ученици и член на обезбедувањето на школото.
Како што јавува репортерот на Прес24 од терен, граѓани од околината на училиштето во населбата Врачар постојано доаѓаат пред школото за да им оддадат почит на убиените ученици.
Училиштето сѐ уште го обезбедува белградската полиција, а пред влезот има многу родители на децата од школото. Објектот е празен.
Во масовното убиство кое се случи изутрината загинаа осум ученици и член на обезбедувањето, а неколкумина беа повредени. Малолетникот беше уапсен откако сам го пријавил злосторството, и во полиција рекол дека еден месец го планирал убиството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа