ФОТО: Вучиќ појадува леб и мортадела на хауба
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот официјален профил на Инстаграм каде појадува со своите соработници на хауба на автомобил.
"Најдобар појадок. Половина килограм леб за секого, мајонез, мортадела и домат. Подготвен да посети нови градилишта во Источна Србија", напишал Вучиќ, кој сече домат на фотографијата.
На фотографијата со Вучиќ се и министерот Томислав Момировиќ и директорот на патишта на Србија Зоран Дробњак.
View this post on Instagram
23.08.2021 - 19:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа