Француско МНР: Многу сме загрижени за тензиите на северот на Косово
Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека Франција е „многу загрижена“ поради порастот на тензиите на северот на Косово и остро го осудува секое насилство на теренот.
„Франција е многу загрижена за ситуацијата во северно Косово и најостро го осудува неприфатливиот напад врз мисијата ЕУЛЕКС на Косово и сите акти на насилство на теренот. Ги повикува страните да покажат најголема воздржаност и чувство на одговорност за намалување на тензиите“, се наведува во соопштението.
Франција целосно го поддржува европското посредување, кое мора да постигне напредок во сеопфатниот, правно обврзувачки договор меѓу Србија и Косово и да напредува во изгледите на двете земји за иднината во Европа. Таа силно ги охрабрува двете страни повторно да се вклучат во дијалогот што го олеснува ЕУ.
Министерката за Европа и надворешни работи за ова прашање ќе разговара со нејзините европски колеги на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европската унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа