Го удрил со автомобил па го однел дома - подоцна било констатирано дека има тешки поврди
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Живко Фирфов“ и ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот П.Р.(72) од Скопје, по што возачот со возилото го однел пешакот во неговиот дом, но подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на П.Р. му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
25.02.2025 - 12:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа