Го удрила невенчаниот сопруг со свеќник по главата: Маж и жена од Загреб се скарале кој ќе го шета кучето

 

 

Триесетгодишната Петра од Загреб во јануари годинава во својот стан го удрила со метален свеќник по главата својот невенчан сопруг (34) по расправија кој ќе го прошета кучето.

Како што пишува „Даница.хр“, по расправија со невенчаниот сопруг, таа најпрвин го изгребала по лицето и вратот по што со метален свеќник го удрила во задниот дел од главата поради што сопругот добил повреди во форма на расеченици на задниот дел од главата со должина од 2,5 сантиметра, се вели во обвинението.

Сопственикот на станот повикал полиција и жената веднаш била уапсена, а на сопругот му била укажана прва помош. Полицијата открила дека на неговата облека се гледаат траги од крв. Девојката тврдела дека само се бранела.

„Се расправавме за шетањето на кучето, двајцата сме виновни. Но, тој ме изгреба, ме држеше за лицето и ме влечеше по подот, добро е што не ме задави. Застанавме кога сопственикот тропна на вратата, а потоа повика полиција“, се наведува во написот.

19.04.2023 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега