Гоце Издишаниот сам се пријави во полиција

 

Гоце Трајковски кој требаше да сведочи на судењето за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски, но беше недостапен за органите на прогон се пријавил во полициската станица во Кисела Вода, потврдија од МВР за Телма.

Тој требаше да сведочи на рочиштето на 15 ноември.

Тогаш неговата мајка Кираца Трајковска пред судот кажа дека имал здравствени проблеми, односно панични напади.

Трајковски заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски водел паралелна истрага за пронаоѓање на девојчето.

Тој се бараше и како осомничен за подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода.

Следното рочиште за случајот е закажано за в понеделник на 27 јануари.

23.01.2025 - 14:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега