Голема трагедија во Белград: Татко и син пронајдени мртви

 

Безживотното тело на Милан М.(96) и неговиот син биле пронајдени во семејната куќа во Рипањ.

На само 100 метри зад куќата, на ливада, половина час подоцна било пронајдено безживотното тело на неговиот син Момчило М.(48), кој, според првите информации, се самоубил со пиштол.

Според неофицијални информации, на телото на Милан М. нема траги од насилна смрт, а се претпоставува дека починал од природна смрт.

И во двата случаи ќе биде извршена обдукција, а информирано е и Вишото јавно обвинителство во Белград, пишува „Нова.рс“.

22.03.2022 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега