Голема трагедија во Грција: Силна експлозија во фабрика, има три загинати лица

 

Силна експлозија се случи утрово во фабрика за производство на експлозивен материјал во близина на градот Гревена во Грција, по што биле пронајдени три жртви.

Тројца вработени се воделе како исчезнати неколку часа, но по потрагата, компанијата потврди дека луѓето го загубиле животот.

Несреќата се случила околу девет часот изутрина, а локалните медиуми објавија дека експлозијата се слушнала на оддалеченост од 30 км.

21.03.2022 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега