Голф излета од пат во Куманово: Тројца повредени

 


Вчера околу 23.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.К.(21) од с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, а со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и уште еден сопатник Д.Л.(36) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

14.04.2025 - 14:04

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега