Кога Стојанче алармира, веднаш се санира: Аеродромци може мирно да пешачат, шахтата има капак
Отстранета е опасноста од отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка, во општина Аеродром.
Благодарение на брзата интервенција на екипите од Општина Аеродром, шахтата е затворена со нов капак, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК упатуваат голема благодарност до општинските служби, истакнувајќи дека и покрај тоа што решавањето на овој проблем не било во нивна надлежност, тие постапиле одговорно и во интерес на безбедноста на граѓаните.
15.04.2025 - 19:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа