Гори Пелопонез: Евакуирани се 20 села
Жителите на 20 села на грчкиот полуостров Пелопонез се евакуирани поради пожарите кои беснеат во Грција.
На терен се околу 580 грчки пожарникари помогнати од колеги од Франција, Велика Британија, Германија и Чешка. Пожарите избиле за време на најголемиот топлотен бран во Грција во последните три децении.
Во гаснењето е вклучен и еден авион од Русија.
Грчкиот државен обвинител нареди истрага за да се утврди дали пожарите кои избија речиси истовременени низ целата земја се организирано подметнати. Претходно главно жариште беше Евија.
11.08.2021 - 21:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа