Грција ги продолжи мерките за уште седум дена – двојни маски во продавница и во автобус
Грција ќе ги продолжи ограничувањата за коронавирусот за уште една недела за да помогне да се спречи ширењето на омикрон, кој стана доминантен во земјата.
Земјата воведе мерки против ковид минатиот месец во баровите, рестораните и ноќните клубови за време на божиќните празници, кои требаше да истечат на 17 јануари.
Грчките здравствени власти во соопштението соопштија дека ги продолжиле постоечките мерки до 24 јануари и дека носењето двојни маски за лице ќе продолжи да биде задолжително во супермаркетите и јавниот превоз.
Во соопштението се наведува и дека високо заразниот вид омикрон стана доминантен во земјата, откако првиот случај беше регистриран на почетокот на декември.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 32.694 инфекции со коронавирус и 80 починати.
Од почетокот на пандемијата, во земјава се потврдени вкупно 1.568.215 новозаразени и 21.559 починати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа