Грција забрани музика во сите објекти за Нова година - нови мерки поради омикрон сојот

 

Грчкото министерство за здравство соопшти денеска дека музиката за Нова година ќе биде абранета во сите објекти.

Тоа е дел од новите мерки поради порастот на бројот на новозаразени со коронавирус откако се појави омикрон сојот.

Мерките кои требало да стапат на сила на 3 јануари ќе бидат применувани во четврток затоа што бројот на заразени помина 22.000, што е двојно повеќе од завчера.

„Омикрон е сега доминантен сој меѓу новозаразените“, рекол министерот за здравство Танос Плеврис.

30.12.2021 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега