Грлиќ Радман: Хрватска е заинтересирана за европската перспектива на БиХ

 

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска се осврна на ситуацијата во Босна и Херцеговина, како и за ставот на Хрватите при што рече дека европската перспектива на БиХ е во интерес на неговата земја.

– Пред некој ден бев во Сараево каде отидов во договор со премиерот, кој беше таму на 13 декември. Морав да се договорам на оперативно ниво за сите точки за одржување заедничка седница на двете влади во текот на првата половина на оваа година. На тој начин покажуваме дека Хрватска се грижи и сака стабилна, функционална БиХ, рече тој во гостување на ХТВ.

Тој повтори дека промената на изборниот закон го обезбедува токму она што го воспостави Дејтонско-парискиот договор, Босна и Херцеговина како држава со два ентитета и три конститутивни и рамноправни народи.

– Хрватска е заинтересирана за европската перспектива на БиХ. Хрватска ги исполни сите свои надворешнополитички приоритети кога станува збор за членството во НАТО, Европската Унија, всушност во сите големи меѓународни организации. Сега сакаме да го сториме истото и за Босна и Херцеговина, додаде Грлиќ Радман.

– Сепак, не сме рамнодушни кон актуелната политичка ситуација во БиХ, кога се нарушени основните права гарантирани со Дејтонскиот договор и Уставот, Анекс 4, со кои се обезбедува Хрватите како конститутивен, рамноправен народ да можат да избираат легитимни претставници во колективните тела, рече Грлиќ Радман.

Тој додаде дека Хрватска прави големи напори да ги убеди сите политички лидери во БиХ во потребата од што поскоро решавање на изборниот закон

13.01.2022 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега