Хорор во операционата сала во штипската болница: Се испотепале лекари
Двајца лекари се степале во Клиничката болница - Штип во текот на вчерашниот ден. Според соопштението на Секторот за внатрешни работи Штип, настанот е пријавен вчера кај нив во 12:45 часот.
-На 5 февруари во 12:45 часот во СВР Штип, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во Клиничка болница - Штип бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил, се вели во писменото соопштение од СВР-Штип.
Во него се наведува дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
06.02.2025 - 11:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа