Хороскопски знаци кои се мајстори за манипулациja во врските
Некои хороскопски знаци точно знаат како да го натераат партнерот да го прави она што го сакаат – без кавга, викање или драма. Нивните методи се суптилни, но ефективни и дури подоцна ќе сфатите дека сте попуштиле. Еве три знаци кои се мајстори за манипулации во врските.
Шкорпија
Шкорпијата нема да ве нападне со зборови, но ќе ве погледне со тој интензивен поглед и ќе ве натера да се запрашате дали сте згрешиле. Нејзината тактика? Мистериозна дистанца што ве тера да се трудите уште повеќе – токму како што планирала.
Вага
Вагите не бараат ништо директно, но ќе направат да се чувствувате виновни доколку не го правите тоа што тие го сакаат. Длабоки воздишки, тажни погледи низ прозорецот и суптилни забелешки – пред да сфатите, ќе попуштите само за да ја избегнете атмосферата на разочарување.
Близнаци
Близнаците нема да ве молат, да се закануваат или да ви се нафрлаат – тие ќе ве убедат дека нивната идеја е всушност ваша. Нивната моќ лежи во нивните зборови и нивната неверојатна способност да го свртат секој аргумент во своја полза
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа