Хрватска цела ноќ се бореше со пожарите, огнот и натаму не е изгаснат

 

 

Пожарот што вчера избувна во хрватско Чиово не е изгаснат ниту утрово. Пожарникарите успеале да го опколат и да го свртат во спротивен правец од куќите и да го спуштат кон морето. Според фотографијата направена во пет часот утрово, оган сѐ уште има.

Вчера, во текот на попладневните часови, на сите расположливи копнени сили им помогнаа три „канадери“ и три „ер трактори“, а во текот на ноќта на терен интервенираа 145 пожарникари со десетици противпожарни возила.

Марин Бубле, командант на пожарникарите на „Трогир“, утринава, за Радио Сплит изјави дека пожарот сѐ уште е активен и дека се чека на воздухопловните сили, кои ќе пристигнат во секој момент.

„Изгореа повеќе од 400 хектари“, рече тој.

28.07.2023 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега