Хрватска: Мајка си го избодела синот со остар предмет, па си го одземала животот
Хрватските медиуми пишуваат за инцидентот кој се случил во Доња Бистра, Хрватска, каде што биле пронајдени телата на една жена и нејзиниот петгодишен син.
Полицијата ги пронашла телата на двете лица, а првите информации на хрватските медиуми се дека мајката го избодела детето со остар предмет, по што си го одземала животот.
Центарот за социјални работи во Хрватска објави дека семејството досега не било пријавувано во полиција за насилство, па овој настан ја потресе хрватската јавност.
04.04.2022 - 21:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа