Хрватска во последните 10 години загубила 10% од своето население
Хрватска загуби близу 400.000 луѓе или речиси 10 отсто од населението во изминатата деценија поради емиграцијата и ниската стапка на фертилитет, според прелиминарните резултати од пописот во 2021 година објави од државната новинска агенција Хина.
Населението на Хрватска изнесувало вкупно 3,9 милиони на 31 август 2021 година, што е помалку од 4,3 милиони во 2011 година, Хина ја цитира главната директорка на агенцијата за статистика Лидија Брковиќ.
Најголемиот егзодус на населението е забележан во источна Хрватска, а најмал во главниот град Загреб, покажале бројките.
Агенцијата не соопштила каде отишле оние кои емигрирале, но на Хрватите им било многу полесно да живеат и работат во други земји на Европската унија откако нивната земја се приклучи на блокот во 2013 година.
Брковиќ рече дека пописот е првиот дигитален попис во Хрватска, на кој учествувале 40 отсто од населението и се покажал многу ефикасен поради ограничувањата на движењето за време на пандемијата на коронавирус.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа