Хрватски лекар се обидел да силува млади мажи, ги допирал по гениталиите
Во девет евидентирани случаи, лекарот ги искористил сите можни ситуации за несоодветно да ги допира помладите мажи по гениталиите, задникот, внатрешниот дел на бутовите.
Според првостепената судска пресуда, која беше изречена на почетокот на април годинава, лекар специјалист од истокот на Хрватска е осуден на единствена затворска казна од три години и шест месеци.
Лекарот е обвинет дека во 2014 и 2015 година извршил повеќе кривични дела силување во обид и развратни дејствија врз помлади мажи. Како што е наведено во првостепената пресуда, на која осудениот има право на жалба, се започнало уште во 2014 година, кога во ординација бил евидентиран првиот случај на обид за силување и блуд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа