Хрватски микробиолог: Омикрон не е крај на пандемијата

 

 

Микробиолозите не се изненадени од новата мутација на вирусот. Очекуваме дополнителни мутации. Кога ќе погледнете колку мутации има во овој сој, тоа се повеќе од двојно повеќе отколку во делта. Со неговото појавување на 25.11, се сметаше дека е помалку хиперинфективен сој, иако податоците од Јужна Африка сугерираат дека е повеќе од двапати позаразен од делта сојот. Тој е хиперинфективен. Се очекува да продолжи да се шири, вели раководителка на Одделот за клиничка микробиологија на Институтот за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб, Јасмина Вранеш.

-Кога ќе споредиме со претходните соеви и сега гледаме дека алфата била 50 проценти позаразна од сојот од Вухан, делта 40 проценти позаразен од алфа, а сега гледаме дека омикронот е 2-3 пати позаразен од делта, додава таа.

Сепак, Вранеш вели дека појавата на омикрон не значи крај.

-Тоа може да се случи. Кај нас многу малку се заразени, но штом ќе почне да доминира во соседните земји, за очекување е да се прошири и кај нас. Веќе предизвикува голема загриженост во Велика Британија. Тоа е ужасно заразен сој, рече таа.

 

13.12.2021 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега