Хрватски полицајци стигнаа во Белград да видат до каде е потрагата по Матеј Периш
Висока делегација на хрватското МВР денеска допатува во Белград за да се информира за работата на српските колеги и натамошниот тек на истрагата за случајот на исчезнувањето на хрватскиот државјанин Матеј Периш.
Членовите на високата делегација на министерството за внатрешни работи на Хрватска ги примиле министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин и началникот на полициската управа за градот Белград и помошник директор на полицијата Веселин Милиќ.
На состанокот присуствувал и таткото на исчезнатото момче, Ненад Периш.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно го најави пристигнувањето на хрватската делегација и наведе дека цело време се работи на два колосека.
Кажа и дека сака да добие целосна слика за случајот на исчезнатото момче како и дека сака да учествува во истрагата и да помогне во потрагата по исчезнатио граѓанин на Сплит.
Хрватскиот премиер ѝ се заблагодари на полицијата во Србија, но соопшти дека во земјата се испратени хрватски полицајци.
„Дадов налог во Белград да се испрати екипа на наши претставници на полицијата за да бидат вклучени во текот на истрагата. Она што е клучно е семејството, но и целата јавност во Хрватска, да добијат детални информации и слика за исчезнатото момче“, кажа Пленковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа