Хрватските пожарникари цела вечер се бореа со огнената стихија, но огнот и понатаму беснее
Пожарот кој вчера изби во хрватско Чиово, не е изгаснат ниту утрово. Пожарникарите успеале да го опколат и да го свртат во спротивен правец од куќите и да го спуштат кон морето. Според фотографијата направена во пет часот утрово, оган се уште има.
Вчера во текот на попладневните часови, на сите расположливи копнени сили им помогнаа тројца канадери и три Ер Трактори, а во текот на ноќта на терен интервенираа 145 пожарникари со десетици противпожарни возила.
Марин Бубле, командант на пожарникарите „Трогир“ утринава за Радио Сплит изјави дека пожарот се уште е активен и дека се чека на воздухопловните сили кои ќе пристигнат во секој момент.
„Изгореа повеќе од 400 хектари“, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа