Идното лето во Грција само со 3 дози вакцина

 

Мицотакис соопшти нови информации за граѓаните, а се во врска со ковид. Од сега во затворени простории не смеат да влегуваат невакцинираните, рок на траење на сертификатот за вакцинација за лицата над 60 години, но и интензивирање на дополнителните мерки.

Грчкиот премиер во својата денешна изјава пред медиумите откри дека од претседателката на Европската Комисија ќе побара дигиталниот сертификат да биде валиден само по примена трета доза.

-За валидноста на сертификатите, во допис до претседателката на Европската Комисија ќе предложам дигиталната европска потврда да важи само доколку ја наведува третата доза по шест месеци. Со цел да избегнеме било каква пукнатина во ѕидот на имунитетот што е веќе изграден на нашиот континент,  рече грчкиот премиер.

 

19.11.2021 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега