Игор Џамбазов по трагедијата во Кочани: Песнава ми дише во врат, краста што не зараснува

 

 

Македонскиот актер и шоумен, Игор Џамбазов, сподели видео на Инстаграм кое допре до душата на секого, по трагедијата во Кочани каде во пожар во дискотеката Пулс загинаа 59 лица, а повеќе од 160 се повредени и се лекуваат во болниците низ земјава, во регионот и во странство.

- Песнава ме прогонува, со денови наназад ми дише во врат. Како потстанар да ми е во мозокот. Како краста што не заразнува. Како доказ за бесмисленоста на животот...напиша Игор во објавата во која ја пее песната на ДНК "Ако утре ме нема".

 Инаку, Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

По трагедијата, која е една од најтешките во поновата историја на Македонија, Владата прогласи седумдневна жалост. 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

25.03.2025 - 08:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега