Инцидент во Глумово: Заталкано зрно оштетило автомобил во двор

 


Синоќа во 21.25 часот во СВР Скопје, С.С.(45) од село Глумово, скопско, пријавил дека во дворот на семејната куќа во с.Глумово паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило ветробранското стакло на неговото паркирано возило „фолксваген пасат“.

Полицијата соопшти дека се работи на расчистување на случајот.  

17.04.2025 - 14:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега