Инцидент во Шуто Оризари: Градоначалникот Курто Дудуш попречувал инспектори, па пријавил закани
Вчера околу 10.30 часот З.Г., инспектор во град Скопје, пријавил во СВР Скопје дека на ул.2бб во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење на надзор и подигање на мостри, дошле две лица и еден од нив (К.Д. -градоначалник на Шуто Оризари) почнал да ги навредува него и неговите колеги и да им се заканува и го попречувал земањето на мостри.
Неколку часа подоцна во 13.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, К.Д.(50) од Скопје – градоначалник на Шуто Оризари, пријавил дека за време на инспекциски надзор на отпад од страна на вработени во град Скопје, кој бил сместен на неговиот имот на подрачјето на Шуто Оризари, Ф.С.(47) од Скопје, вработен во град Скопје, му упатувал закани.
Се работи на расчистување на случаите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа