Инфлацијата во Хрватска на највисоко ниво во последните 14 години: Поскап превоз, храна, облека

 

Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка мерени со индексот на потрошувачките цени во Хрватска во март се зголемија во просек за 7,3 отсто во споредба со истиот месец минатата година, што е највисока инфлација од 2008 година, соопшти Централното биро за статистика.

Споредбено со февруари потрошувачките цени во Хрватска се во просек повисоки за 2,1 отсто, а во првиот квартал од годинава, во однос на истиот период лани, цените се во просек повисоки за 6,4 отсто, пренесува Хина.

Цените на прехранбените производи, во кои се вклучени безалкохолните пијалаци, а кои сочинуваат четвртина од потрошувачката кошничка, пораснаа за 10,3 отсто на годишно ниво и имале најголем придонес во годишната стапка на раст на индексот (+ 2,8 процентни поени).

Цените на транспортот првенствено поради цените на горивата, очекувано пораснале за 14,4 отсто, што придонело за поскапување од 2,12 процентни поени, додека цените на режиските трошоци за домување како водата, струјата, гасот и другите горива пораснале за 0,64 процентни поени или со годишен раст од 3,8 отсто.

Во однос на февруари најмногу поскапеле облеката и обувките во просек за 12,2 отсто, транспортот за 5,3 отсто, а услугите во рестораните и хотелите за 1,8 отсто

15.04.2022 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега