Израел бомбардираше училиште во Газа: Има десетици жртви
Палестинската Цивилна одбрана од Појасот Газа денеска соопшти дека најмалку десет лица, меѓу кои жени и деца, загинале во израелски воздушен напад врз училиште во градот Џабалија, на северот од енклавата.
Во зградата на училиштето биле сместени раселени Палестинци.
„Најмалку десет загинати, меѓу кои неколку жени и деца, како и десетици повредени, беа пренесени во болнички установи по израелскиот напад врз училиштето ‘Фатима Бинт Асад’ во градот Џабалија, каде што беа сместени над две илјади раселени лица“, изјави портпаролот на Цивилната одбрана на Газа, Махмуд Басал.
12.05.2025 - 12:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа