Мицкоски: Toa беше најтешкиот ден во мојот живот - ми тропнаa на врата во 3 наутро

 

Трагедијата во Кочани беше најтешкиот ден во мојот живот, вели Премиерот Христијан Мицкоски на панелот на самитот Македонија 2025.

„Ја имам четириесет и седум години, но кога би анализирал кој бил најтешкиот ден од мојот живот, тоа беше тој ден. Се сеќавам тоа утро негде три и пол беше кога човек тропаше на вратата во мојот дом.

Кога отворив, тоа беше еден од луѓето од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, кој што,  бидејќи не го гледав телефонот нормално во три и пол наутро логично е да спиете. Го погледнав телефонот и тогаш ја видов таа порака од него.

Тој беше веќе упатен на лице место. Веднаш се соземав и прво што направив е ги повикав луѓето од мојот тим да си упатиме веднаш кон Кочани. Негде околу пет, пет и нешто пристигнавме таму.

Таму беше веќе министерот за внатрешни работи и тоа беше на лице место Бевме и потоа полициската станица. Можеби тоа беше не во мандатот на оваа Влада. Тоа беше можеби најтешкиот ден од мојот живот. И се сеќавам дека, во целата таа ситуација логично е како човек да реагирате и да се создадат големи емоции. Но, треба да се носат одлуки.“ – рече Мицкоски.

 

12.05.2025 - 11:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега