Јанев: Бугарија не фрлила 20.000 вакцини
Бугарското Министерство за здравство разработува план како да се реагира на евентуален нов бран од Ковид-19, изјави привремениот премиер Стефан Јанев во интервју за Бугарското национално радио.
– Вакцинацијата е важна и граѓаните на Бугарија треба да бидат убедени во потребата од неа. Во моментов бугарските власти ја разгледуваат можноста кога ќе се изврши целосната вакцинација, луѓето да добиваат ваучери – изјави Јанев.
Тој ги негираше информациите што се појавија во странските медиуми дека Бугарија сакала да фрли 20.000 дози вакцини со изминат рок. „Тоа е текст во западно издание”, искоментира Јанев за тоа дека Бугарија и Романија фрлиле по 20.000 дози.
Јанев кажа дека Романија веќе има фрлено 20.000 дози, но не и Бугарија. Според него, на крајот на август Бугарија може да се соочи со ризик и можност да фрли вакцини, што нема да биде добро.
До крајот на следната недела, Бугарија ќе го претстави својот план за закрепнување на ЕУ, за кој ќе се дискутира, по што ќе биде презентиран на јавна дискусија меѓу бизнисот и граѓаните. Јанев предвидува дека до крајот на јули документот ќе биде претставен во Брисел и првите средства од него ќе бидат достапни од Бугарија есенва.
Премиерот Јанев ја коментираше и желбата на бугарската Влада да се бори против купувањето гласови. Според него, „војната за купен глас е во полн ек”.
– Станува збор за методичка активност на органите за спроведување на законот, кои прават се што е потребно за да се спречи овој грд феномен, што во пракса ја поткопува демократијата и го заменува вистинскиот глас на гласачите – прокоментира Јанев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа