Канада и испраќа повеќе од 800 дронови на Украина
Канада ќе донира повеќе од 800 беспилотни летала Скај Ренџер Р70 (Sky Ranger R70) на Украина за одбранбената војна против Русија, изјави денеска канадскиот министер за одбрана Бил Блер.
Според канадското Министерство за надворешни работи, дроновите, произведени во Ватерло во провинцијата Онтарио, биле проценети на околу 70 милиони американски долари. Министерството посочува дека донацијата е дел од воената помош од 370 милиони долари, што ја најави канадскиот премиер Џастин Трудо при неговата посета на Киев минатата година.
„Денешното соопштение ќе и овозможи на Украина да има дронови што и се потребни за откривање и идентификување на цели кои се клучни за борбата на Украина. Канада ќе биде со Украина се додека тоа е потребно“, рече Блер.
Од февруари 2022 година, Канада испрати повеќе од 7,2 милијарди долари помош за Киев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа