Кавадарци: Не се знае колку дена била мртва во својот стан - како починала 52 годишната жена

 

Обдукцијата на суска медицина ќе покаже како починала 52 годишната жена чија ќерка вчера вечер ја пронајде мртва во стан во Кавадарци.
Според првичните и се уште неофицијални информации, полицијата не знае ниту кога точно починала жената. Извори од истрагата откриваат дека нејзината ќерка вчера отишла во нејзиниот дом откако претходно не успеала да стапи во контакт со неа повеќе денови. Оттука не се знае ниту времето кога настапила смртта.
Истите извори велат дека во овој момент не може да се прецизира дали жената била убиена и покрај тоа што во првичното соопштение, полицијата откри дека на нејзиното тело биле регистрирани повреди, но нема детали дали тие се предизвикани по насилен пат.
Неофицијалните информации велат дека жената живеела сама во стан во градот. До неодамна имала и вонбрачен партнер со кого пред неколку месеци ја прекинала врската.

23.01.2025 - 14:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега