КФОР: Будни сме - ја следиме ситуацијата на северот на Косово

 

Единствениот начин за мир за Белград и Приштина е да се решат отворените прашања преку дијалог, како и да се најде решение кое ќе ги почитува правата на сите заедници“, напишаа од КФОР на Твитер.

Мисијата на НАТО на Косово укажува дека е важно да се избегнат какви било нови ескалации.

КФОР останува исклучително буден и во полн капацитет да го исполни својот мандат на ОН“, велат од мисијата.

Претходно, КФОР во врска со последните тензии на Косово и барикадите што ги поставија Србите на главните патишта на север, истакна дека нема да толерираат насилство и дека нивната прва задача е да обезбедат слободно движење на Косово.

13.12.2022 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега